Фановите на Ливерпул едвај чекаат да продолжи Премиер лигата за да можат конечно да се израдуваат на титулата после цели 30 години.
Момците на Јирген Клоп се на чекор од титулата и потребни им се само уште 6 бода на 9 кола до крајот.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Се покажа дека еден голем фан на „црвените“ од Тајланд уште пред прекинот на првенството се подготвувал да направи импровизирана парада за титулата. Тој купил голем камион со приколица, кој е брендиран во боите и амблемот на Ливерпул. Се очекувала парада и забава со голем број локални фанови на англискиот гигант.
Талјандскиот бизнисмен призна дека му се здосадило да чека повеќе од два месеци, па веќе ја направил парадата и ја прославил титулата. За целото задоволство потрошил 270.000 евра.