Дома Фудбал Репрезентации Пандев: Се снимаше документарец за репрезентацијата, но никогаш не се објави

Пандев: Се снимаше документарец за репрезентацијата, но никогаш не се објави

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев гостуваше во шоуто „Еден на Еден“ кај Жарко Димитриоски, а викендов беше објавен и вториот дел од интервјуто.

Пандев помеѓу другото зборуваше и за ситуацијата во Фудбалската Федерација на Македонија, а откри и дека се снимал документарец за патот на Македонија до Европското првенство, меѓутоа тој филм никогаш не излегол во јавност.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според Пандев причината се тој, Стефан Ристовски и поранешниот селектор Игор Ангеловски...

„Имаше снимано филм документарец, со нас одеа сниматели. Се снимаше, но тој филм никогаш не излезе во јавноста затоа што во него беа Горан, Стефан, Мрме…па така се заборави“.

Ангеловски бил скоро сменет пред Европското првенство…

„Јас лично застанав позади селекторот затоа што сакаа пред Европското првенство да го сменат, беше скоро сменет. Разговарав јас со претседателот, му кажав дека тоа би било срамно, едноставно се руши атмосфера. Мрме направи една хемија во репрезентацијата“, зборуваше Пандев во разговорот.

КОМПЛЕТНОТО ИНТЕРВЈУ НА ПАНДЕВ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ван Дајк загрижен поради бројките на Ливерпул: Тоа нè боли многу

Капитенот на фудбалерите на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, изјави дека проблемите на неговиот …