Дома Фудбал Италија Пандев презадоволен од она што Мота го прави во Џенова

Пандев презадоволен од она што Мота го прави во Џенова

На последниот натпревар на тешкото гостување кај Наполо Џенова успеа да освои бод, а нашиот капитен Горан Пандев не крие дека е презадоволен од она што го прави Тијаго Мота во клубот.

Мота неодамна седна на клупата на Џенова, а од кога дојде проработе и Пандев. Под негово водство Пандев ги постигна првите два гола сезонава.

Пандев и Мота беа соиграчи во Интер и добро се познаваат и нашиот фудбалер е презадоволен од она што неговиот поранешен соиграч и денес тренер го прави во клубот.

„Мота ни донесе голема доза на самодоверба и брзо стави свој печат на нашата игра. Тој е една одлична личност и можам да кажам дека одлично се снаоѓа во новата улога. Добро се сеќавам дека и додека бевме соиграчи во Интер знаеше сите да не мотивира со неговата посветеност на тренинзите“, изјави Пандев.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе одби продолжување на договорот и со тоа најави трансфер

Нема дилеми дека Килијан Мбапе ќе стане најдобриот играч на светот во наредните години. Иа…