Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев: Ова е најважниот меч за нас, подготвени сме!

Пандев: Ова е најважниот меч за нас, подготвени сме!

Македонија утре ќе ги одмери силите со Ерменија во Лигата на нации и се наоѓа пред императив победа на домашен терен.

Од таборот на македонската репрезентација не криат дека ова за нас е најважниот дуел во групата, особено после гостинската победа над Гибралтар.

„Се подготвуваме како и за сите други натпревари. Сметам дека максимално спремни ќе влеземе во дуелот. Оваа пресметка е најзначајна во нашата група. Ерменија е квалитетна селекција, но ако ние бидеме на нашето ниво, ќе успееме да оствариме позитивен резултат, изјави капитенот Горан Пандев.

„Ова е најзначајниот натпревар за нас, сметам дека добро го анализиравме противникот и подготвени ќе влеземе во дуелот. Мене ми е важно како ќе функционира мојот тим. Ако функционираме како на претходните натпревари, не гледам причина зошто да не го добиеме овој меч“, изјави селекторот Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шишковски: Македонската јавност верува во нас затоа што ние докажавме дека можеме!

Македонија на стартот на јуни на ја очекуваат четири натпревари против Бугарија (2. јуни),…