Дома Трансфер зона Пакт против Јувентус: Фиорентина го добива тоа што го сака, а Марота одново победува!

Пакт против Јувентус: Фиорентина го добива тоа што го сака, а Марота одново победува!

0

Maрота се обидува да однесе уште една победа над својот поранешен клуб.

Интер пред почетокот на сезоната доби големо засилување со доведувањето на Лукаку. Јувентус исто така беше заинтересиран за Белгиецот, но самиот напаѓач на претставувањето изјави дека негова единствена желба била трансфер во Интер.

Како што стојат работите големиот ривал на „старата дама“ се спрема за уште една битка на трансфер пазарот, а овој пат ќе имаат и сојузник.

Федерико Киеза е желба на Јувентус, новиот сопственик на Фиорентина Роко Комисо некако успева да се одбрани од нападот на шампионот, но изгледа повеќе не е сам во таа „борба“.

Интер наводно им предложил да го задржат Киеза уште една сезона, а потоа да го пуштат во Милано за сума од 70 милиони евра.

Интер е во многу подобар однос со Фиорентина отколку Јувентус и за „виолетовите“ ова изгледа како зделка која им одговоара. Тие би го задржале својот најдобар играч уште една сезона и би ја добиле сумата која ја бараат, покрај тоа би избегнале нова продажба на омразениот ривал.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Најдобрите 11 кои ова лето пристигнаа во Серија А (ФОТО)

Кон крајот на минатиот и почетокот на овој милениум во Италија играа најдобрите фудбалери …