Дома Македонски спорт Пад од три позиции на АТП листата за најдобриот македонски тенисер

Пад од три позиции на АТП листата за најдобриот македонски тенисер

Најдоброрангираниот македонски тенисер Калин Ивановски на рангирањето по завршувањето на Австралија опен има пад од три места и сега се наоѓа на 329.то место на АТП ранг-листата со 157 поени или два помалку од претходното рангирање пред две недели.

Горазд Србљак има пад за 10 места со истиот број поени (10) и се наоѓа на 1067.то место, додека Обрад Марковски има скок за 10 места со три поени и е рангиран на 1445.то место.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во конкуренција на двојки Ивановски има пад за девет места и се наоѓа на 685.то место со 71 поен. Берк Бугариќ е на 1351.то месо (скок за две позиции) со 16 поени. 

Обрад Марковски има пад од 102 места и сега е на 1868.то место со пет поени (два помалку од пред две недели), а Елдин Хусеиновиќ има пад за пет места и се наоѓа на 2135.то место со 3 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мбапе потпиша за Реал, а сега со својата мајка му спрема тужба на ПСЖ

Килијан Мбапе пред неколку дена го комплетираше трансферот во Реал Мадрид,к а сега според …