Дома Трансфер зона Падна договор: Рома го откупува Смолинг

Падна договор: Рома го откупува Смолинг

Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома и Манчестер Јунајтед конечно постигнале договор за перманентен трансфер на Крис Смолинг.

Дефанзивецот оваа сезона игра како позајмен фудбалер на „Олимпико“ и прикажа одлични партии, па „волчицата“ сака да го задржи долгорично.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


После подолги преговори двата клуба конечно постигнаа договор и Рома за потписот на Смолиг ќе плати 20 милиони евра.

Имено, „волчицата“ се договорила со Јунајтед за едногодишна позајмица за која ќе плати 3 милиони евра со задолжителен откуп следното лето за 17 милиони евра.

Клучна била желбата на самиот играч да остане во Рим, каде ќе потпише 4-годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…