Дома Фудбал Очекувано: Гвардиола избран за тренер на годината

Очекувано: Гвардиола избран за тренер на годината

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола очекувано ја доби наградата „The Best“ за најдобар тренер во изминатата година.

Церемонијата се одржува вечерва во Лондон и е во организација на ФИФА.

Гвардиола со Манчестер Сити дојде до титула во Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите, европскиот Суперкуп и ФИФА Светското клупско првенство.

Конкуренција на Гвардиола му беа Лучано Спалети кој го однесе Наполи до првата титула во Серија А по пауза од 33 години и Симоне Инзаги кој со Интер стигна до финалето од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Фиорентина: Понграчиќ паузира, неизвесен и за Хрватска

Повредата на десниот бут го оддалечува Марин Понграчиќ од терените. Италијанските медиуми …