Дома Фудбал Останато Официјално: Фудбалската кариера на Болт заврши уште пред да започне

Официјално: Фудбалската кариера на Болт заврши уште пред да започне

Усаин Болт уште пред да одигра официјален натпревар стави крај на својата фудбалска кариера.

Легендарниот спринтер долго време се обидуваше, но сепак на крајот не успеа, па одлучи да се откаже.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Болт менуваше неколку клубови каде што беше на проба. Најдолго се задржа во тимот на Маринерс од австралиската лига. За овој тим Болт одигра неколку пријателски средби, дури и се запишуваше во листата на стрелци.

Јамајканецот се раздели со овој клуб кога дојде ред да потпишат професионален договор – Болт бараше плата која клубот ја сметаше за превисока.
Сега Болт се прости со кратка порака.

„Беше убаво додека траеше“, порача легендарниот атлетичар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ќе го дочека пекол во Минхен поради овие коментари на Белингам

Откако синоќа беа познати имињата на првите два тима кои се пласираа во полуфиналето на Ли…