Дома Фудбал Официјално: Тренерот на Севиља заработи отказ, четири месеци откако ја освои ЛЕ

Официјално: Тренерот на Севиља заработи отказ, четири месеци откако ја освои ЛЕ

Раководството на шпанскиот прволигаш Севиља му ја врачи оставката на тренерот Хозе Луис Мендилибар (62) по серијата лоши резултати сезонава.

„По состанокот на Управниот одбор на клубот, Севиља одлучи да го ослободи Хозе Луис Мендилибар од должноста главен тренер на клубот“, соопштија од клубот од Андалузија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Клубот сака да му се заблагодари на тренерот за неговите услуги, чија улога ќе остане во историјата на клубот по освојувањето на Лига Европа во Будимпешта“, се додава во соопштението за медиумите на Севиља.

Мендилибар ја предводеше Севиља во 28 официјални натпревари, постигнувајќи 10 победи, 11 нерешени и седум порази, а клубот ја освои и Лигата на Европа.

Севиља моментално се наоѓа на 14. место во Примера со само две победи во осум кола, додека во групата Б од Лигата на шампионите забележа две нерешени средби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…