Дома Трансфер зона Официјално: Тотенхем го откупи Ло Селсо

Официјално: Тотенхем го откупи Ло Селсо

Во денот кога беше потврдена продажбата на Кристиан Ериксен, Тотенхем потврди уште еден трансфер.

Клубот го искористи правото да го откупи Џовани ло Селсо, кој до сега беше во тимот под наем од Бетис. Според информациите „спарси“ ќе му платат на шпанскиот клуб 32 милиони евра.

Претходно Тотенхем плати 16 милиони евра за да го донесе Аргентинецот на позајмица.

Во договорот има клаузула според која Тотенхем ќе треба да му исплати на Бетис разни бонуси. Доколку се пласира во Лигата на шампиони оваа сезона „спарси“ ќе треба да платат додатни 8 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Не е само Дибала, Интер носи уште една ѕвезда на Јувентус

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер е силно заинтересиран за играчот на Јувентус, Фед…