Дома Останати Авто Мото Официјално: Серхио Перез ќе биде тимски колега на Верстапен

Официјално: Серхио Перез ќе биде тимски колега на Верстапен

Meксиканецот Серхио Перез од денес и официјално е член на Ред Бул.

„Ред Бул потврдува дека Серхио Перез ќе биде во тимот покрај Маркс Верстапен за новата сезона во Формула 1“, стои во соопштението.

Перез во австриската екипа ќе дојде на местото на Алекс Албон кој наредната сезона ќе има улога на резервен и тест возач.

„Исклучително сум благодарен на Ред Бул што ми пружи шанса да возам за овој тим во 2021 година. Приликата да возам за тим кој конкурира за шампионската титула е нешто на кое се надевав од кога се приклучив во Формула 1. Горд сум што ќе возам за Ред Бул покрај Макс“, изјави Перез.

Местото на Перез во Рејсинг Понт ќе го превземе Себастијан Фетел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Oфицијално: Луис Хамилтон го продолжи договорот со Мерцедес

Луис Хамилтон конечно стави потпис на нов договор со Мерцедес. Британецот беше слободен во…