Дома Трансфер зона Официјално: Севиља доби засилување од Реал Мадрид

Официјално: Севиља доби засилување од Реал Мадрид

0

Шпанските медиуми уште пред неколку дена најавија дека Реал Мадрид и Севиља постигнале договор за позајмица на младиот Серхио Регулион.

Регулион минатото лето беше „прекомандуван“ од Касиља во првиот тим на Реал, а во текот на сезоната доби солидна минутажа, но како што сезоната одминуваше стануваше јасно дека нема да игра важна улога на „Бернабеу“ во иднина.

Поради тоа Реал го испрати на позајмица во Севиља. Во клубот од Андалузија се надеваат дека овој млад лев бек ќе им биде од помош во наредната сезона.

Реал денес на официјалната страна ја потврди позајмицата која ќе има важност до 30-ти јуни 2020 година.

Овој 22 годишен фудбалер во минатата сезона собра 22 натпревари за Реал во сите натпреварувања (14 во Ла Лига) и запиша четири асистенции.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Уште една „отфрлена“ ѕвезда на Јунајтед се сели во Италија

Немања Матиќ оваа сезона изгледа не е во првите планови на тренерот на Манчестер Јунајтед,…