Дома Останати Авто Мото Официјално: Сајнц во Ферари, Рикардо во Мекларен!

Официјално: Сајнц во Ферари, Рикардо во Мекларен!

Карлос Сајнц Жуниор од денес и официјално е нов возач на Ферари каде што ќе го замени Себастијан Фетел, додека Даниел Рикардо се сели во Мекларен.

Фетел пред неколку дена потврди дека заминува од Ферари по завршувањето на неговиот договор оваа година. Во 2021 Шарл Леклер ќе биде тимски колега со Карлос Сајнц.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мадриѓанецот така ќе биде третиот Шпанец во црвениот болид после Алфонсо де Портага и Фернандо Алонсо кој во овој тим помина пет години и три пати беше светски вицешампион.

Сајнц потпиша договор до 2022 година.

Од друга страна во Мекларен се сели Даниел Рикардо. Рикардо ќе биде замената за Сајнц. После две сезони во Рено Рикардо од 2021 ќе вози за Мекларен.

„Доведувањето на Даниел е чекор напред во нашиот долгорочен план и ќе донесе возбудлива димензија. Тоа е добро за нашиот тим, партнери и секако навивачите. Сакам да му се заблагодарам на Карлос за одличната работа во Мекларен. Тој е тимски играч му посакуваме се најдобро“, изјави извршниот директор на Мекларен, Зек Браун.

Коментари
  • riccardo

    Рикардо најбрз во Монте Карло!

    Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо победи на денешната трка за Големата награда на Монака …
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Тешко е да ја препознаете: Еве како изгледа Мото ГП патеката во Валенсија по поплавите 🎥

Oд големите поплави во Валенсија уништена е и тркачката патека Рикардо Тормо во Мото ГП. Д…