Дома Фудбал Официјално: Поранешниот играч на Барса и Реал нов тренер на Валенсија

Официјално: Поранешниот играч на Барса и Реал нов тренер на Валенсија

Валенсија денес изненадувачки го отпушти Марселињо.

Овој 54 годишен Шпанец во 2017 година седна на клупата на Валенсија и минатата сезона оствари одличен резултат откако со клубот избори место во Лигата на шампионите и го освои шпанскиот куп.

Сепак изгледа дошло до конфликт со сопственикот на Валенсија Питер Лим па доби отказ.

Марселињо освен Валенсија во кариерата ги водеше уште Спортинг, Рекреативо, Расинг, Сарагоса, Севиља и Виљареал.

Клубот од „Местаља“ брзо пронајде замена за Марселињо и за нов тренер го именуваше Алберт Селадес.

Поранешниот играч на Барселона и Реал Мадрид ја водеше младата репрезентација на Шпанија, но кога станува збор за клупските ангажмани овој му е прв во кариерата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Приказната за епските ножички на Вејн Руни против Манчестер Сити (ВИДЕО)

Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни 13 години го носеше дресот на Maнчес…