Дома Фудбал Останато Официјално: Немања Видиќ влегува во трката за претседател на ФС Србија!

Официјално: Немања Видиќ влегува во трката за претседател на ФС Србија!

Прославениот српски фудбалер Немања Видиќ официјално потврди дека влегува во трката за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кандидатурата на Видиќ и претходно се најавуваше, а сега тој ја потврди со соопштение испратено до медиумите.

„Сакам да ја искористам оваа прилика да ја информирам јавноста во Србија, пред се фудбалската јавност, дека откако дознав дека се распишани изборите за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, решив дека сакам да се кандидират, имајќи предвид дека го исполнив условот да бидам пратеник во Собранието и имам поддршка од пет делегати, кои се надевам дека нема да подлегнат на притисокот со кој се соочуваат.

Со излегувањето, сакам да спречам какви било понатамошни разговори и јасно да ги кажам моите планови. Со мојата кандидатура ќе им овозможам на фудбалските пратеници да се изјаснат за тоа.

Верувам во исправноста на моите цели, а тие се јасни, исклучиво патриотски. Сакам да се обединиме, а не да се делиме. Верувам затоа што мислам дека можам на мојата Србија да и ги понудам вредностите што ме красеа како фудбалер.

Верувам и знам дека има слични луѓе во фудбалска Србија и дека заедно можеме да понудиме решенија. Се надевам дека ќе успеам!“, стои во соопштението од Видиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нема никој да го препознае: Игуаин се појави во издание какво никогаш не сме го виделе (Фото)

Многу во лето 2022 година беше изненадена одлуката на Гонсало Игуаин, кој на тој начин ја …