Дома Фудбал Официјално: Наполи му врачи отказ на Анчелоти!

Официјално: Наполи му врачи отказ на Анчелоти!

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда, Карло Анчелоти повеќе не е тренер на Наполи.

Наполи денес со 4:0 го победи Генк и обезбеди пласман во осминафиналето од ЛШ, сепак Де Лаурентис повеќе немаше трпение и одлучи да му даде отказ на Анчелоти.

Наполи во последните девет натпревари во сите натпреварувања е без победа, а атмосферата во тимот воопшто не е добра.

Наполи вечерва официјално му се заблагодари на соработката, а медиумите на Апенините се сигурни дека за нов тренер ќе биде назначен Џенаро Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Келси се врати со два гола, Ренџерс со „четворка“ му се приближи на Селтик

Ренџерс го совлада Сент Џонстон со 4-0 на „Ајброкс“ и стигна до седмата победа во последни…