Екипата на Милан денес официјално го потврди она што се најавуваше, „росонерите“ го откупија Симон Кјаер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кјаер од денес повеќе не е на позајмица во Милан, туку италијанскиот тим во целост го откупи неговиот договор од Севиља.
„Со задоволство соопштуваме дека ја искористивме опцијата да го откупиме договорот на Симон Кајер од Севиља. Кјаер потпиша договор до 30 јуни 2022 година“, стои во соопштението на Милан.
Данскиот фудбалер во јануари пристигна во Милан на позајмица како замена за Матија Калдара кој се врати во Аталанта.
До овој момент во Милан тој одигра 13 натпревари и стана стандарден партнер на Алесио Ромањоли во одбраната. Милан за откуп на неговиот договор плати 3.5 милиони евра.