Дома Останати Кошарка Официјално: МЗТ Скопје има нов тренер!

Официјално: МЗТ Скопје има нов тренер!

Искусниот српски стратег, Драган Николиќ (50 години), од денеска е нов тренер на МЗТ Скопје, откако потпиша договор до крајот на сезоната со можност тој да биде продолжен и до јуни 2024 година.

Станува збор за добро познато име за македонската спортска јавност, со оглед што во сезоната 2016/17 повеќе од успешно го предводеше Карпош Соколи во АБА-лигата и ни беше повеќе од достоен ривал во битката за титулата во првата лига, која на крајот ја обезбедивме дури по „мајсторка“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Николиќ има и македонски пасош со оглед на потеклото на неговото семејство од нашата земја, а згора на тоа негова сопруга е една од најдобрите македонски кошаркарки на сите времиња, Марија Видикова.

Негов последен клуб беше Борац Бања Лука (2020-2022) со кој настапи на завршниот турнир од АБА2 годинава во април во Скопје, преку кој нашиот тим обезбеди враќање во регионалната елита.

Претходно, ја предводеше Игокеа, полски Кошалин, Младост Земун, а на почетокот на 21 век неколку сезони беше тренер на поранешниот женски гигант од Охрид, тимот на Профитнес.

Популарниот Гаги се очекува денеска да пристигне во Скопје, а дебито на клупата ќе го има в петок на гостувањето кај Цибона во меч од 13. коло од АБА-лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Обвинителството со детали за апсењето на екс-кошаркарот Штимац во Белград

Во Вишото јавно обвинителство во Белград испитан беше поранешниот кошаркар Владимир Штимац…