Дома Фудбал Италија Официјално: Игор Тудор нов тренер на Верона

Официјално: Игор Тудор нов тренер на Верона

Денес Игор Тудор беше претставен како нов тренер на Верона. После три кола Верона се уште е без победа, а Тудор на клупатаќ е дебитира в недела кога Верона ќе игра против Рома.

На клупата на Верона Тудор го наследи Еусебио Ди Франческо. Минатата сезона овој клуб беше предводен од Јуриќ и играше одлично, дури се вмеша и во борбата за место во Европа. Јуриќ по завршувањето на сезоната премина во Торино.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Од друга страна Тудор минатата сезона беше помошник на Андреа Пирло кој доби отказ на крајот од сезоната.

На претставувањето во Верона истакна дека Јувентус бил убаво искуство за него.

„Со Пирло се чувствував добро. Мислам дека пред него е голема кариера. Беше тоа убава авантура која ме направи побогат“, истакна Тудор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти: Уморен сум од зборувањата за Винисиус

Карло Анчелоти одржа прес-конференција пред натпреварот против Осасуна кој е закажан за де…