Една од нашите најдобри кошаркарки, Јелена Антиќ, вториот дел од оваа натпреварувачка сезона ќе го мине во Израел.




И тоа како дел од екипата на Макаби Ашдод, со која постигна договор кој е со важност до крајот на оваа сезона.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ова ќе биде враќање на искусното репрезентативно крило во Европа, со оглед на тоа дека нејзиниот нов клуб игра во плеј-офот од ФИБА Еврокупот.




Согласно со тоа и првите работни обврски ќе ги има веднаш по новогодишните празници, односно на 5. јануари за кога е закажан првиот од двата натпревари во рамките на елиминациите во ФИБА Еврокупот.




Во изминатиот период од оваа сезона, Јелена Антиќ беше најдобриот играч на скопски Вардар, а во претходната беше дел од екипата на Баскет Кам 2011 со која стигна до пехарот во националниот Куп.



