Големиот пораз во градското дерби од Ливерпил ја прели чашата, па раководството на Евертон реши да му врачи отказ на тренерот Марко Силва.
Силва ги водеше „карамелите“ 18 месеци и има 24 победи и 24 порази, а оваа сезона Евертон игра очајно и се наоѓа во зоната за испаѓање.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со ова продолжува трендот на откази во Премиер лигата, а Силва е 5-от отпуштен тренер оваа сезона.
Од клубот објавија дека легендата на Евертон, Данкан Фергусон ќе ги води „карамелите“ на средбата против Челзи која ќе се игра овој викенд.
Еден од кандидатите за наследник на Силва е Дејвид Мојс, кој претходно седеше на клупата на тимот од 2002 до 2013 година.