Eден ден откако Вест Хем го освои долгоочекуваниот втор европски трофеј во клупската историја стигна потврда дека Даклан Рајс заминува.
Со Рајс се поврзуваа повеќе клубови, но најблиску изгледа е Арсенал. Заминувањето на фудбалерот го потврди претседателот на клубот, Дејвид Саливан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Му ветивме дека ќе биде слободен и негова желба е да направи промена. Не можете да застанете на патот на човек кој толку многу ви дал оваа сезона. Тој ќе замине, а ние му бараме замена. Му пондивме нов договор со плата од 200.000 фунти неделно пред 18 месеци. Со одбивањето на таа понуда изгуби 10 милиони фунти во изминатиот период. Сака да замине и не можете да задржите играч со таква цел“, изјави Саливан по вчерашното финале.
Даклан Рајс подолго време е мета број еден за Арсенал, но останува да видиме како работите ќе се одвиваат.