Дома Трансфер зона Официјално: Вејн Руни претставен во новиот клуб (видео)

Официјално: Вејн Руни претставен во новиот клуб (видео)

Како и што беше најавено утрово кога Вејн Руни „летна“ за Америка, англискиот голгетер потпиша договор со тимот на ДЦ Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од САД попладнево и официјално го претстави новото засилување со видео на социјалните мрежи, во меѓувреме и неговиот клуб Евертон потврди дека договорот е постигнат.

Руни по враќањето во Евертон од Манчестер Јунајтед минатото лето постигна 11 погодоци на 40 настапи.

Англискиот ветеран во својот прв „мандат“ за Евертон дебитираше во сезоната 2002/2003 година во натпреварот против Тотенхем, откако ја помина академијата на клубот.

За селекцијата на Англија од која се повлече во 2017 година настапи на 119 настапи и постигна 53 погодоци со што стана најдобар репрезентативен стрелец на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…