Како и што се најавуваше Благоја Милевски и официјално е нов селектор на Македонија.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во „Куќа на фудбалот“ донесе одлука за назначување на Благоја Милевски за селектор на македонската А репрезентација.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сеуште актуелниот предводник на репрезентацијата до 21 година ќе ја преземе селекторската функција во А репрезентацијата од 1. август 2021 година.
На местото селектор до 21 година Милевски ќе биде заменет од Драган Канатларовски.