Дома Трансфер зона Официјално: Бејл останува „крал“ до 2022 година!

Официјално: Бејл останува „крал“ до 2022 година!

Велшанецот Герет Бејл го продолжи договорот со Реал Мадрид и се обврза на верност до јуни 2022 година, соопштија од клубот.

Герет Бејл, кој во Реал пристигна во 2013 година за сума од околу 100 милиони евра, имаше договор со Реал до 2019 година, но клубот реши да му понуди нов договор поради интересот на некои конкурентски клубови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми шпекулираат дека тој добил зголемување на платата од 580 на 830 илјади евра неделно. Кога од оваа сума ќе се одбие данокот, кој во Шпанија изнесува 52 отсто, нему неделно ќе му останат 400 илјади евра, или 21 милини евра годишно.

Велшанецот во дресот на Реал има постигнато 62 гола на 134 натпревари, а со клубот има две титули во Лигата на шампионите и две во Купот на Кралот, но сé уште го нема освоено шпанското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…