Усаин Болт неодамна ги постигна првите погодоци за австралискиот тим Централ Кост Маринерс.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Набрзо потоа неговиот агент потврди дека легендарниот спринтер има понуда од некој европски клуб кој сака да игра во Лигата на шампионите, кој има нови сопственици и кој игра финале за краток период.
Ваквиот опис на клубот веднаш светските медиуми го поврзаа со трансфер во Милан (Милан го игра Суперкупот со Јувентус) , но сепак сега е откриено дека се работи за далеку помал европски клуб – Валета од Малта.
По објавувањето на оваа вест во медиумите се огласи и извршниот директор на клубот кој ја потврди информацијата.
„Да испративме официјална понуда до Усаин Болт. Сакаме тој да настапи во финалето на купот. Со ваквиот трансфер би испишале историја и би покажале дека сме сериозен клуб“, гласеше изјавата на Гастон Слимен, извршен директор на клубот.