Поранешниот претседателот на Реал Мадрид, Рамон Калдерон откри дека Кристиано Роналдо бил причина за заминувањето на Зинедин Зидан од кормилото на клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот го изненади целиот фудбалски свет откако реши да си даде отказ, само неколку дена после триумфот во Лигата на шампиони.
„Зидан сакаше да го задржи Роналдо и да го продаде Бејл. Сепак, претседателот го направи спротивното. Зидан, исто така, сакаше да купи неколку фудбалери, но не му беа исполнети желбите, па реши да си замине. И беше во право“, изјави Калдерон.
Само неколку дена после заминувањето на Зидан, беше потврден и трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус.