Дома Фудбал Англија Откако стигна на Енфилд не загубил ниту еден натпревар на домашен терен

Откако стигна на Енфилд не загубил ниту еден натпревар на домашен терен

Ливерпул минатата сезона заслужено ја освои ЛШ, додека во предстојната најголема желба ќе биде Премиер лигата.

Еден од најзаслужните играчи зошто Црвените се на самиот врв во европскиот и англиски фудбал е сигурно и Енди Робертсон.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Одличниот лев бек на Енфилд пристигна во 2017. година од Хал и од тогаш не знае за пораз на домашните натпревари.

Од своето доаѓање во Ливерпул шкотскиот фудбалер одигра 39 домашни натпревари, односно запиша 32 победи и седум нерешени.

Црвените за овој период беа поразени два пати на свој терен, а интересно е што овој 25-годишен играч не бил во конкуренција за настап на тие два натпревари.

Јирген Клоп не го стави во екипата Робертсон во јануари 2018. година кога во ФА купот Ливерпул беше поразен од Вест Бромвич со 3:2 и во септември 2018. година кога во Лига купот славеше Челси со 1:2.

Робертсон во претходните две сезони го облече дресот на Ливерпул 78 пати, а особено беше импресивен во последната кога запиша дури 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Eден фудбалер морал да се извинува пред целиот тим: Шпанците открија драма во Мадрид!

Повеќе од еден месец траеше „тивкото исчезнување“ на дефанзивецот Асенсио од тимот на Реал…