Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.




Договорот на Белгиецот завршува на крајот на сезоната, па тој сега е слободен да преговара со заинтересираните клубови.




Најсилен интерес за Ориги покажувата миланските гиганти Милан и Интер, кои сакаат на лето да го донесат без обештетување.
„Нероаѕурите“ бараат замена за Џеко, додека „росонерите“ се во потрага по наследник на Ибрахимовиќ, па ќе се борат за потписот на Ориги.