Спортскиот директор на торински Јувентус, Фабио Партичи потврди дека аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин и во вториот дел од сезоната ќе остане во Милан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Игуаин како дел од пакетот во трансферот на Леонардо Бонучи кој заврши во Јувентус беше испратен на едногодишна позајмица во Милан, а оваа сезона се споменуваше дека може да премине во Челзи.
„Сините“ имаат проблеми со напаѓачите. Менаџерот Сари не е задоволен од Оливие Жиру и Алваро Мората и се пишуваше дека побарал да му биде доведен Игуаин со кој соработуваше во Наполи.
Меѓутоа од Јувентус во чија сопственост е договорот на Игуаин потврдија дека од трансферот на „Пипата“ во Премиер лигата нема да има ништо.
„Тој без оглед на се се уште е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Тоа го докажа во претходните години. Кога во прашање е неговата иднина, сметам дека тој е важен играч за Милан. Одличен напаѓач е и тие сакаат да го задржат во своите редови и така ќе биде“, изјави Партичи.