Дома Фудбал Лига на шампиони Од историска сезона до катастрофа: Звезда е најлошиот тим во Лигата на шампионите!

Од историска сезона до катастрофа: Звезда е најлошиот тим во Лигата на шампионите!

Навивачите на Црвена Звезда со нетрпение ја очекуваа сезоната во која како шампиони на српското првенство се пласираа директно во групната фаза од Лигата на шампионите.

За Звезда не беше првпат да учествува во најелитното европско натпреварување, но сега добија учество без да играа квалификации. Се работеше во летниот период и клубот потроши 12 милиони евра за засилувања, но на крајот тие во група со Јанг Бојс, Лајпциг и Манчестер Сити се најлошиот тим од сите групи.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Звезда не оствари ниту една победа, групата ја заврши со само еден бод и тоа против Јанг Бојс дома. Кога српскиот гигант ги доби противниците навивачите очекуваа борба со Јанг Бојс до крај за тоа трето место и нокаут фаза во Лига Европа, но тоа не се случи. Звезда во претпоследното коло ги загуби шансите за европска пролет.

Звезда е единствениот тим кој групите ги заврши со еден бод, Селтик имаше исто толку до вчера, додека Антвеп беше на нула“, но овие две екипи остварија победи, па Звезда остана најлоша.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нико Ковач пронајде нов клуб – ќе добива 10 милиони евра по сезона

Хрватскиот тренер Нико Ковач пронашол нов ангажман. Според информациите кои пристигнуваат,…