Дома Фудбал Од Атлетико бесни на судијата: Вакви работи секогаш се случуваат на „Бернабеу“ (Фото)

Од Атлетико бесни на судијата: Вакви работи секогаш се случуваат на „Бернабеу“ (Фото)

Вчера на „Сантијаго Бернабеу“ беше одиграно дербито на Мадрид помеѓу Атлетико и Реал (1:1).

На оваа средба домаќинот беше поблиску до победата, но сепак и Атлетико имаше свои шанси. Ремито не донесе многу ниту за едната, ниту за другата екипа, а после натпреварот од таборот на Атлетико беа бесни поради една судиска одлука.

Имено, во Атлетико се огорчени поради офсајдот кој во првото полувреме е досуден кога Витоло беше во прилика и се најде во ситуација „еден на еден“ со голманот на Реал.

На фотографијата поставен на Твитер може да се забележи дека дури и Витоло да е најблиску до голот се наоѓа на својата половина, што секако не е недозволена позиција.

„Изгледа дека вакви работи секогаш се случуваат тука“, порачаа од Атлетико по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Гоце Јовановиќ, долгогодишниот оперативец зад успесите на Балкан

Гоце Јовановиќ почина денеска во Скопје. Долгогодишниот генерален секретар на Балкан беше …