Дома Останати Тенис Одржан ждребот за Ролан Гарос

Одржан ждребот за Ролан Гарос

Oтвореното француско првенство познато како Ролан Гарос ќе се игра од 30. мај до 13. јуни.

Денес беше одржан ждребот за овој турнир. Спрскиот тенисер Новак Ѓоковиќ немаше многу среќа затоа што ако сака да стигне до финалето ќе мора да ги победи двајцата најголеми ривали.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во четвртфиналето Ѓоковиќ би можел да се сретне со Федерер, а во полуфиналето со Надал, секако ако и тие не бидат предвреме изненадувачки елиминирани.

Во тој дел на ждребот се уште звучни имиња како Матео Беретени, Андреј Рублев и минатогодишниот полуфиналист Диего Шварцман.

На другата половина се наоѓаат преостанатите фаворити како Данил Медведев, Доминик Тим, Стефано Циципас и Александар Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал во Мадрид доби уште едно престижно признание

Еден од најголемите тенисери во историјата и освојувач на 22 Гренд Слем титули, Рафаел Над…