Никола Залевски беше блиску до трансфер во редовите на Галатасарај, но на крајот не излезе ништо и тој остана во Рим, но нема да игра „волчицата“.
Додека Мурињо беше во клубот, Залевски често играше, но кога Португалецот си замина работите се променија и Де Роси не смета премногу на него.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Во финишот од преодниот рок тој одби трансфер во турскиот гигант Галатасарај, а неговиот агент потврди дека е исфрлен од тимот на Рома.
„Точно е. Можам да ги потврдам информациите за медиумите. Никола е исфрлен од првиот тим“, изјави Џовани Феро, агентот на фудбалерот.