Дома Фудбал Останато Овен: Отидов во Реал за да му докажам на Карагер дека не е во право

Овен: Отидов во Реал за да му докажам на Карагер дека не е во право

Мајкл Овен своевремено беше еден од најдобрите напаѓачи во светот, а во 2001 година успеа да ја освои и Златната топка.

Овен беше сензација кога уште како тинејџер се појави во екипата на Ливерпул каде што мина седум сезони. Сепак, летото 2004 година изненади многумина со одлуката да премине во Реал Мадрид и да стане дел од легендарните „Галактикоси“:

Меѓутоа на Овен не му одеше баш најдобро во Реал Мадрид и само една година подоцна одлучи да го напушти клубот. Овен тогаш потпиша за Њукасл и не успеа да се врати во формата со која играше во дресот на Ливерпул.

Во разговор за англиските медиуми Овен откри дека една од причините поради која се решил да оди во Реал е Џејми Карагер, всушност сакал само да му докаже дека тоа што го зборува не е точно.

„Бевме во Америка со Ливерпул на предсезоната. Тогаш Рафа Бенитез го превзема тимот и се сеќавам дека еден ден додека бевме во собата агентот ме повика и ми кажа дека Реал Мадрид сака да ме купи. Карагер беше тука со мене и разговаравме за тоа. Тој ме советуваше да не одам во Реал затоа што нема да играм. Тогаш одлучив да одам само за да му покажам дека не е во право“, изјави Овен.

Уште во првиот ден Овен се соочил со проблеми и ноќта пред претставувањето на „Бернабеу“ воопшто не спиел.

„Тоа беше баш тешко. Не можев да спијам затоа што знаев дека Реал и Барселона кога ќе купат нов играч ги претставуваат со топка за тие да прават трикови со неа. Јас не бев добар во тоа и бев нервозен. Не знаев што да направам. Но, кога излегов пред навивачите, тие ми ја дадоа топката, а јас ја шутнав на трибините. Така ми додадоа уште три или четири топки и сите веднаш ги шутирав кон навивачите. Моја среќе беше што никој не претпостави зошто го правам тоа и добро поминав“, раскажа Овен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Желбите на Конте за јануарскиот преоден рок

Новиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте инсистира да бидат активни во јануарскиот преоден…