Јувентус се подобро во последно време. Во Серија А ја намали разликата на само еден бод од Наполи, а во ЛШ е блиску до пласман во наредната фаза.
Сепак, тренерот Масимилиано Алегри сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а италијанските медиуми ја открија главната трансфер мета на „бјанконерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прв пик е ѕвездата на Лацио Сергеј Милинковиќ – Савиќ за кого „старата дама“ се интересираше и во летниот преоден рок. Лотито тогаш одби понуда од 50 милиони евра од „бјанконерите“ и јавно изјави дека Србинот вреди многу повеќе.
Сергеј неодамна го продолжи договорот со Лацио до 2022 година, па Јувентус сигурно ќе треба добро да го одврзе кесето, но и да се избори со конкуренцијата.
Имено, за српскиот репрезентативец силен интерес покажуваат уште и гигантите од Манчестер, па јасно е дека само прашање на време е кога Сергеј ќе го напушти Рим.