Дома Трансфер зона Ова би било изненадувачки трансфер: Мурињо има нова мета за напаѓач?

Ова би било изненадувачки трансфер: Мурињо има нова мета за напаѓач?

Toтенхем не ја отвори баш најдобро новата сезона во Премиер лигата „петлите“ беа поразени на свој терен од Евертон (0:1) во првото коло.

„Петлите“ ниту ова лето не доведоа некои звучни засилувања и ја продолжија својата традиција да не трошат многу пари. Меѓутоа јасно е дека на екипата на Жозе Мурињо и се потребни промени ако сакаат да бида конкуретни оваа сезона.

„Дејли Мејл“ денес објави дека португалскиот стратег пред се во своите редови сака да доведе напаѓач, тоа Мурињо и сам го потврди пред неколку дена. Според најновите информации желба на Мурињо е напаѓачот на Франкфурт Бас Дост за кого Тототенхем би требало да плати околу шест милиони евра.

Дост би бил резерва на Хари Кејн и сигурно и тој самиот не ни сонувал дека ова лето ќе му се отвори можност да потпише за Тотенхем. Овој 31 годишен напаѓач во Франкфурт пристигна пред една година од Спортинг и на 24 натпревари во Бундес лигата постигна осум голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Земјотрес“ на Островот: Канте се сели на „Олд Трафорд“

Англиските медиуми тврдат дека на Островот се спрема сензационален трансфер во последната …