Дома Фудбал Англија Објавена снимката од разговорот, аматерска грешка на судиите го оштети Ливерпул🎥

Објавена снимката од разговорот, аматерска грешка на судиите го оштети Ливерпул🎥

Премиерлигата го објави видеото од комуникацијата помеѓу судиите во ВАР собата и судиите на терен на мечот меѓу Тотенхем и Ливерпул.

Неверојатно е како беше поништен чист гол на Луис Дијаз, а после објавениот разговор се гледа комплетен аматеризан во носењето на одлуката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во аудио снимката се слуша како „шефот“ во ВАР-собата, Ингланд комуницира со видео-операторот и му кажува каде и какви линии треба да се повлечат за да се види дали е офсајд. На крајот од комуникацијата, кога јасно се гледа дека нема офсајд, тој му вели на видео-операторот: Пефектно!

Во овој момент веројатно ВАР судијата му се обраќаше на операторот за повторени снимки, но помошникот судија сфати дека нему му вели дека проверката е комплетна и правилно досудил офсајд.

Во тој момент помошникот му рече на главниот судија играта да продолжи, што и се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ не успеа да го демонтира Ливерпул во Париз, но веќе гледа кон полуфиналето

Актуелниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Пари Сен Жермен го надмина категори…