Фудбалскиот свет остана изненаден после последната објава на Златан Ибрахимовиќ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Прославениот фудбалер рано утрово објави фотографија од дресот на шведскиот тим Хамарби. На дресот се наоѓаше и неговото презима, па јавноста се прашуваше дали ова значи дека Ибрахимовиќ изненадувачки ќе потпише за овој клуб.


По објавата на Ибрахимовиќ се огласи ПР шефот од шведскиот клуб, Акесел Першаген. Тој не потврди дека Ибрахимовиќ потпишал за нив, но не ни демантираше.
„Ибрахимовиќ во овој момент не е со нас и немам што да кажам на таа тема. Ако стане наш играше, односно ако потпише договор ќе објавиме на нашата страна. Кога станува збор за засилувањата морате да разговарате со Јеспер Јансен или Хенрик Киндлуд“, изјави Першаген.