Пјер Емерик Обамејанг е надвор од тимот на Арсенал и клубот му ја отвори излезната врата.
Прашање е дали ќе биде вратен во тимот, а многу поверојатно е да биде продаден во зимскиот преоден рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За него најсилен интерес покажува Јувентус, а сега во трката за потписот на Обамејанг се приклучи и Милан.
Африканецот е производ на академијата на „росонерите“, има неколку настапи за првиот тим, па ова за него би било враќање на „Сан Сиро“.
32-годишниот Обамејанг има договор со Арсенал до јуни 2023 година, а италијанските гиганти го сакаат на позајмица со право на откуп.
Од друга страна пак „топџиите“ сакаат дефинитивно да го продадат напаѓачот, а не да го пуштаат на позајмица и се спремни да го пуштат за симболична сума.