Дома Фудбал Нолито: Едвај чекам да се вратам во Шпанија

Нолито: Едвај чекам да се вратам во Шпанија

Напаѓачот на Манчестер Сити, Нолито, по само една сезона, има намера да го напушти клубот и да се врати во Шпанија.

Нолито, кој во Манчестер Сити пристигна на почетокот на минатата сезона од Селта, како големо засилување, по само една сезона сака да се врати во Шпанија, незадоволен од статусот кој го имаше кај Пеп Гвардиола.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Со нетрпение чекам да се вратам во Шпанија. Сити во моментов преговара со други фудбалери, па ќе видиме дали ќе ми дозволат да си заминам. Се надевам дека ќе добијам дозвола да го напуштам клубот. Дали тоа ќе биде трансфер или клубот ќе ме испрати некаде на позјамица не е важно. Знам дека за мене се интересираат Атлетико и Селта“, изјави Нолито.

„До декември игра и бев среќен, но во последните четири месеци речиси и да не играв. Зошто не бев во тимот тоа е прашање за Гвардиола. Оваа година сакам што побргу да ја заборавам“, додаде шпанскиот репрезетнативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ја казни Бенфика за расизам против Реал Мадрид

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) изрече парична казна на …