Дома Фудбал Нов шок за Анчелоти: Се повреди уште еден првотимец – Реал има осум повредени фудбалери

Нов шок за Анчелоти: Се повреди уште еден првотимец – Реал има осум повредени фудбалери

Реал Мадрид има големи проблеми со повредите, бразилскиот дефанзивец, Едер Милитао е нова жртва.

Бразилецот го повреди мускулот за време на тренингот во репрезентативниот камп и тој е веќе осмиот играч кој ќе му недостасува на Карло Анчелоти. Од претходно Анчелоти остана без: Џуд Белингем, Едуардо Камвинга, Орлиен Чуамени, Ферланд Менди, Дани Себаљос, Давид Алаба и Жоан Мартинез.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Станува збор за во главно важни играчи. Малку е веројатно дека некој од фудбалерите на листата повредени ќе влезе во вистинска форма во септември, посебно тоа се однесува на Алаба кој недостасува со месеци.

Кај Реал посебно е на удар средниот ред бидејќи Анчелоти во краток период остана без Белингем, Камвинга и Чуамени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…