Дома Фудбал Останато Нов скандал во семејството на Нејмар: Уапсен неговиот татко!

Нов скандал во семејството на Нејмар: Уапсен неговиот татко!

Бразилскиот фудбалер Нејмар често пати е во центарот на вниманието поради работи кои не се поврзани со фудбалот, така беше пред неколку дена кога јавно и се извини на својата бремена сопруга дека ја изневерил. Сега е на насловните страни поради неговиот татко.

Таткото на Нејмар според информациите на медиумите е уапсен во Бразил.  Наводно тој бил дел од нелегални градежни активности на вила во Манаратиба.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Семејството на Нејмар поради изградба на вештачко езеро во близина на куќата ја пренасочило реката во близина така се уништиле камењата на брегот, а освен тоа штета претрпела и шумата.

По истражните дејствија таткото на фудбалерот бил пуштен на слобода со парична казна од 822.000 фунти, меѓутоа ќе остане под истрага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …