Дома Фудбал Англија Нов скандал во Англија: ВАР поништи чист погодок бидејќи гледаа погрешен играч

Нов скандал во Англија: ВАР поништи чист погодок бидејќи гледаа погрешен играч

Фудбалерите на ВБА синоќа на свој терен го победија Саутемптон со 3:0 во натпревар од 31. коло во ПЛ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ВБА не се откажува од борбата за опстанок во друштво на најдобрите и синоќа играчите на овој тим дојдоа до многу важни три бода.

Меѓутоа, ниту овој натпревар не можеше да помине без скандал кога во прашање е користењето на ВАР технологијата.

Овој пат ВАР поништи чист погодок на домашните бидејќи судијата во спорната ситуација гледаше погрешен играч.

Имено, гол постигна Мбаје Диање кој беше во дозволена позиција, но ВАР цело време ја гледаше позицијата на Бартли кој без зад него во офсајд, но воопшто не учествуваше во акцијата.

После натпреварот се појави бизарно објаснување дека порад позицијата на камерата не можеле да видат каде точно стои Диање и дали е во офсајд.

Оваа неверојатна одлука и ситуација погледнете ја ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…