Дома Фудбал Нов проблем за Барса: Заврши сезоната за Гризман!

Нов проблем за Барса: Заврши сезоната за Гризман!

Сезоната за Антоан Гризман е завршена.

Во Барселона покрај резултатската криза се појавуваат нови проблеми. Овој пат не се во прашање резултатите или односите на раководството со играчите, туку повредите.

Францускиот фудбалер Антоан Гризман против Ваљаолид беше заменет на полувремето откако се пожали на болки во бутниот мускул. Место него во игра влезе Луис Суарез и го одигра натпреварот до крајот. Барса на крајот славеше со 1:0 и остана во трката за титулата.

Но, многу веројатно е дека во последните два првенствени натпревари во кои Барселона ќе игра против Осасуна и Алавес ќе биде без Гризман. Французинот да, ќе оди на детални прегледи после што точно ќе се знае колку ќе паузира, меѓутоа прогнозите во овој момент се дека сезоната за него е завршена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ја постави цената за Дибала

Торински Јувентус очигледно одлучил да направи големи промени во текот на летото. Откако у…