Дома Македонски спорт Нова победа на Калин: Ќе игра полуфинале во Франција!

Нова победа на Калин: Ќе игра полуфинале во Франција!


Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓



Maкедонскиот најдобар тенисер, Калин Ивановски продолжи со добрата форма и на турнирот во Поатје, Франција обезбеди место во полуфиналето откако со 2:0 во сетови го победи, Тристан Ламасин (7:5, 6:1).

Противникот на Ивановски имаше проблеми со својот сервис и направи дури пет двојни грешки, а тоа македонскиот тенисер знаеше како да го искористи и првиот сет го доби со 7:5.

Во вториот сет Ивановски беше уште подобар и не му даде никакви шанси на противникот добивајќи го со 6:1. За место во финалето Калин ќе игра против Саша Гејмар од Вајенбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Нов скок на Калин Ивановски на АТП листата!

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓ Најдобриот македонски тенисе…