Лоренцо Пелегрини е продукт на школата на Рома, но својата фудбалска афирмација ја доживеа во Сасуоло каде изминатите две сезони го покажа сиот свој талент.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ова лето „Волчицата“ го врати Пелегрини во своите редови на барање на новиот тренер Де Франческо кој соработуваше со младиот играч за врска во Сасуоло.
Оваа сезона Пелегрини одигра 10 натпревари во Серија А, но неговиот талент не остана незабележан кај најголемите европски клубови.
Конкретен интерес за него уште во текот на летото покажа Антонио Конте, а сега во траката за Италијанецот се приклучи и Жозе Мурињо кој сака да го донесе на „Олд Трафорд“.
Пелегрини е сигурно иднина на италијанскиот фудбал, а она што може да ја загрижува Рома е што има клаузула од „само“ 25 милиони евра, која нема да претставува проблем за англиските клубови.