Дома Македонски спорт Мак баскет Ништо од мајсторка: МЗТ во Битола ја обезбеди шампионската титула! 🎥

Ништо од мајсторка: МЗТ во Битола ја обезбеди шампионската титула! 🎥

MЗТ Скопје по деветти пат дојде до шампионската титула, вечерва во Битола на гости кај Пелистер славеа со 102:93 и така ставија крај на финалната плеј-оф серија со 3:1.

Предводени од Немања Милошевиќ МЗТ имаше одлична напаѓачка вечер. Милошевиќ само во првото полувреме постигна 22 поени. Битолскиот состав во првите две четвртини им парираше на гостите од Аеродром, па на полувремето МЗТ водеше со само пет разлика (51:56).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во второто полувреме Пелистер започна да прави грешки, а тоа МЗТ знаеше како да го искористи. Последниот отпор домаќините го дадоа кога со серија од 11:2 се вратија на 63:65. Потоа МЗТ го подигна нивото и го приведе натпреварот кон крајот, мечот беше решен кога металците дојдоа до највисоката предност на натпреварот од 81:68.

Најефикасен кај МЗТ беше Милошевиќ со 31 поен, а Војдан Стојановски и Рикиќ постигнаа по 17 поени. Најрасположени кај Пелистер беа Никола Малешевиќ со 21 и Игор Кесар со 19 поени.

Фото: МЗТ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…