Дома Фудбал Не престанува да изненадува: Чави донесе ново правило во Барселона

Не престанува да изненадува: Чави донесе ново правило во Барселона

Легендарниот Чави Ернандес се врати во Барселона после шет години и го презеде кормилото на тимот од Камп Ноу.

Новиот тренер од самото доаѓање почна да воведува ред во Барселона, се со цел да се поправат резултатите и дисциплината во тимот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Чави воведе правила за своите играчи кои меѓу другото сега мора да пристигнат 90 минути порано на тренинг, а мора да внимаваат какви работи објавуваат на социјалните мрежи.

Во центарот на вниманието беше правило за Жерар Пике кому Чави му забрани да патува надвор од градот поради приватни обврски и дека тоа може да го прави само кога е на одмор.

Последната промена се однесува на тренинзите. Чави одлучи Барселона да тренира на Ноу Камп наутро на денот на домашните натпревари.

Кике Сетиен беше првиот што го воведе правилото за тренирање на денот на натпреварот, но тоа никогаш не беше направено на главниот терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума: Да играм со Меси беше многу посебно, тоа е едно од најубавите сеќавања во мојот живот

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, говореше не само за својата улога како стра…